Достапни линкови

logo-print

Почнува запишувањето на првите осигуреници во приватните пензиски столбови


Запишувањето на првите осигуреници во двата приватни пензиски фондови, прв пензиски фонд и нов пензиски фонд што почнува денеска, меѓу осигурениците за сега предизвикува интерес:

„Ако имам доволно пари би штедел и во двата.“
„Ако е сигурно дека тие пари ќе одат некаде да создадат нова вредност, тогаш е добро, ама не знам која е сигурноста.“


Задолжителни членови на новиот пензиски систем се околу 14 илјади лица што прв пат се вработиле по 1 јануари 2003 година, додека сите други вработени треба доброволно да одлучат дали ќе останат само во државниот столб. Елена Танасковска од Агенцијата за пензиско осигурување потсетува дека осигурениците и натаму за пензиски придонес ќе издвојуваат 21,2 насто од личниот доход, а тие што ќе го прифатат вториот столб, 13,78 насто од придонесот ќе уплаќаат во државниот, а 7,42 во еден од двата приватни пензиски фондови зад кои стојат Нова Љубљанска Банка и Тутунска Банка:

„До сега во досегашниот систем нереформираниот, од истите 20,000 денари, се двоеја 21 насто којшто се уплаќаше во ПИОМ. Тоа доаѓаше околу 4,200 денари. Во овој случај, истата сума ќе се разделува 1,400 во приватиот, а остатокот во ПИОМ.“

Сите што ќе потпишат договор за членување имаат рок од осум дена за раскинување. Инаку, осигуреници во приватните фондови може да бидат само оние кои веќе се осигурани во државниот столб, односно имаат работен статус:

„За оние лица вон системот е предвиден третиот столб, но тоа ќе се случува во иднина.“

Двете пензионерски друштва се очекува во наредните десет години да акумулираат 250 милиони долари, кои ќе можат да ги инвестираат во хартии од вредност и други трансакции.
XS
SM
MD
LG