Достапни линкови

Џафери повторно го актуелизира прашањето за поделба на Македонија


Лидерот на ДПА Арберн Џафери повторно го актуeлизира прашањето за поделба на Македонија. Тој за Алсат Телевизија изјави дека мултиетничка Македонија не може да опстои и дека единственото решение е поделба на државата по етничка осново. Доколку Србите на Косово го добијата тоа што го бараат тогаш автоматски се отвара прашањето што добија Албанците во Македонија кога се гледа јасно дека Рамковниот Договор иако одамна требаше да биде имплементиран за него уште се дебатира. Правните експерти и поранешниот јавен Обвинител Ставре Џиков вели дека МВР работи е таа која доколку процени треба да покрене постапка за ваквите изјави но за тоа потребно се докази , само врз вербални изкази не може да се покрене кривична постапка:

„Ако се појави сомнеж дека некој бара нешто, тогаш полицијата поднесува кривична пријава или ја повикува странката да се доизјасни. Но, за вербален деликт никој не одговара. Треба да се преземе некое фактичко дејство. Со изјави можеш да речеш и го освојувам светот. Во законот за кривична постапка се знае кои се подносители. Инаку, треба да има докази, значи ако има карта, тоа е нов момент.“

Од друга страна само една недела претходно поранешниот премиер Лупчо Георгивески кој во 2001 јавно ја подржа тезата за поделба на Македонија и размена на територии , соопшти дека се сретнал со лидерот на ДПА Арбен Џафери со кого разговарал за престојните парламентарни избори и актуелната политичка сосотојба во земјата, но не соопшти детали од нивните разговори

„Неодамна се видовме.“

Во неговата партија и по радикалните изјави на лидерот на ДПА Арбен Џафери остануваат на ставот дека тој единстевниот политичар од албанскиот политички блок со кој може да се гради европска Македонија

„Господинот Џафери со неговото политичко функционирање никогаш нема употребено оружје, нема убивано луѓе, така што сметаме дека тој од албанските политичари е единствен со кој може да се гради европска Македонија,“

изјави портпаролот на ВМРО Народна Александар Ѓеоргиев.
XS
SM
MD
LG