Достапни линкови

Виена: Почина најпознатиот ловец на нацисти Симон Визентал


Најпознатиот ловец на нацисти Симон Визентал умре во Виена на 96 годишна возраст, соопшти Визентал Центарот во Лос Анџелес. Визентал кој го преживеа холокаустот на Втората Светска Војна го посвети својот живот на борбата против антисемитизмот и предрасудите против сите луѓе. Тој го формира центарот Визентал и помогна во изнесувањето пред правдата на многу воени криминалци од Втората Светска Војна. Австрија од Симон Визентал ќе се прости утре а неговите посмртни останки ќе бидат закопани во Израел.
XS
SM
MD
LG