Достапни линкови

Големи дискрециони права за министерот


По приватизацијата на аптеките и стоматголошките ординации најверојатно владата ќе одбере модел на речиси целосна приватизација на примарната здавствена заштита. Со години се зборува за реформа на здравството и рационализација на здравстевниот сѕстем која не успеа да ја среди состојбата со недостигот на средства во здравственито фонд.па сега се одбира трансформацијата со издавањето на просторот и опремата под закуп и формирање на приваттни здрваствени установи, овој модел го заговараше и екс министерот за здравство Ѓорѓи Оровчанец, кој сега вели дека не смеаат да се направат грешки. За него најспорно е што во законот што се нуди на мала врата му се даваат големи дискрециони овластувања на министерот за здравство

„По негово видување тој практично може да приватизира било што и било каде. Треба дискреционото право на министерот да се скрати за да може одредени специјалистички служби кои се во склоп на здравствените домови, каде што доминантна е примарната здравствена заштита да може да ги издаде под концесија.“

Измените на законот се на актуелната собраниска седница..Би било ризично вели Лилјана Поповска од ЛДП сепак да се оди на целосна приватизација. Таа нуди амандман со кој предлага дел од педијатријата и гинекологијата да останат во јавното здравство

„На тој начин државата ќе биде сигурна дека ќе биде целосно покриена целата држава со здравствена заштита.“
„Нема се да се приватизира, брзата помош ќе остане и тоа е доволен дел од јавното здравство,“


вели социјалдемократот Сашо Дохчев, лекар по уролог.

Наспроти очекувањата дека со овој модел ќе се обесбеди поквалитено здравство преку профукционирањето на тн. Фамилијарен лекар, Оровчанец стравува дека сепак добар дел од докторите од јавното здравство кои допрва ќе формираат приватни ординации ке останат без пациенти:

„На овие лекари од сегашниот јавен сервис ќе им останат многу мал број пациенти на располагање за да го реализираат системот.“

Останува и проблемот што дел од лекарите можеби нема да се покажат и како добри менаџери, стравува Поповска

„Некои ординации може да пропаднат, што станува со пациентите упатени на тој лекар?“

Инаку, досега со закуп се приватизиарани 45 аптеки и над 360 стоматолошки ординации, сега останува можноста под закуп да се дадат преостанатите.
XS
SM
MD
LG