Достапни линкови

logo-print

Пекинг: Северна Кореа се откажува од нуклеарните програми


Северна Кореа се согласи да се откаже од своето нуклеарно оружје и од другите нуклеарни програми и да ги усвои меѓународните спогодби за разоружување. Ова се наведува во заедничката изјава објавена денеска во Пекинг на крајот од последната рунда на над две годишните шестпартитни преговори за севернокорејското нуклеарно оружје. Во замена за тоа Северна Кореа од земјите кои беа вклучени во преговорите, Соединетите Држави, Русија, Јужна Кореа и Кина ќе добие енергетска помош. Во изјавата се додава дека Соединетите Држави немаат намера да ја нападнат Северна Кореа и оти двете земји постепено ќе ги нормализираат односите.
XS
SM
MD
LG