Достапни линкови

Берлин: Предвремени парламентарни избори во Германија


Гласачките места во Германија се отворени, во рамки на предвремените парламентарни избори што денеска се одржуваат во земјата. 62 милиони регистрирани гласачи ќе избираат 598 пратеници во германскиот Бундестаг. Во трката за канцелар на земјата се актуелниот канцелар Герхард Шредер од Социјалдемократската партија и Ангела Меркел од конзервативната Христијанско-демократска унија. Испитувањата на јавното мислење покажуваат дека партијата на Меркел ја ужива подршката на 42% од гласачите, додека Шредеровата Социјалдемократска партија има подршка од 34 отсто. Во изборната кампања доминираа пред се економски теми.
XS
SM
MD
LG