Достапни линкови

Пекинг: Продолжуваат разговорите за нуклеарната програма на Северна Кореа


Шестпартитните разговори во врска со севернокорејската нуклеарна програма што се одржуваат во Пекинг, ќе бидат продолжени и во понеделник. Разговорите забележуваат извесен напредок, откако Кина понуди компромисен нацрт документ за решавање на нуклеарната програма на Северна Кореа. Претходно процесот беше „закочен“ поради инсистирањето на Северна Кореа дека има право на мирољубива нуклеарна програма, на што се противеа Соединетите држави.
XS
SM
MD
LG