Достапни линкови

Митинг на опозицијата и барање за оставка од владата и предвремени избори


Додека партиите од владеачката коалиција со потпишување на платформа за заеднички настап се подготвуваат за заеднички настап на парламентарните избори 2006, опозицијата вели дека со митинг ке укаже на неостварените ветувања. Периодот од овие три години е изгубено време, во сите области, владеењето на правото, економијата има негативни трендови. Оттаму посочуваат оставката на владата и предвремени парламентарни избори се најдобар начин Македонија да се извлече од неповолната состојба.

,,Ние сметаме дека е штета што во Македонија не постојат услови за распуштање на Собранието и предвремени избори. Ние ќе ги бараме, со притисок во јавноста, да се види дека тоа не оди. Ќе го објаснуваме тоа и меѓу луѓето и во парламентот,”

изјави претседателот на Либераната партија, Стојан Андов. Од ВМРО-ДПМНЕ велат митингот е добар начин да се изрази незадоволството, посебно затоа што владата досега не реагираше на на она што и се говореше

,,До сега владата на сите укажувања на опозицијата и од експертите беше слепа и глува, па сакаме на овој начин да го изразиме незадоволството. Правото на мирен протест е легитимно и демократско право. Тоа ќе и биде покажано на владата и останува да има доблест да поднесе оставка иако ние не очекуваме да направат нешто такво,”

изјави Зоран Трајчевски, претседател на организацискиот одбор на митингот. За разлика од нив, ВМРО-Народна со иницијатива до парламентот за гласање на недоверба на владата.

,,Она што се сака да се направи, јас не знам дали ќе биде протест или прослава на датумот 15 септември, со којшто Македонија назадува и со кој стануваме Република која е како фирма пред стечај. Дали популизмот што таканаречената здружена опозиција сака да го истера со симболот 15 септември, допирајќи до емоциите на луѓето кои сфатија дека 15 септември во пропагандата на СДСМ на последните избори ќе значи промена на добро во Македонија, тоа е многу дискутабилно прашање,”

вели Горги Оровчанец.
XS
SM
MD
LG