Достапни линкови

Багдад: Над 25 Ирачани загинале во самоубиствени бомбашки напади


Над дваесет и пет ирачани, меѓу нив и петнаесетина полицајци, загинале во денешните самоубиствени бомбашки напади врз полициски патроли во јужниот дел на Багдад. Агенциите јавуваат дека нападите биле изведен со автомобили бомби. Во вчерашната серија самоубиствени напади во Ирак загинаа над сто и пеесет луѓе. Одговорноста за нив ја презеде Ал Каида, чиј прв човек во Ирак Абу Мусаб ал Заркави, најави тотална војна против ирачките шиити.
XS
SM
MD
LG