Достапни линкови

Пекинг: Северна Кореја не се откажува од нуклеарната програма


Северна Кореја денеска повторно ја отфрли можноста да се откаже од цивилната нуклеарна програма, на само еден ден пред почетокот на новата рунда од мултилатералните преговори во Пекинг, на кои главна тема ќе биде нуклеарната програма на Пјонгјанг. „Северна Кореја има право на нуклеарни активности во мирнодопски цели. Тоа право не е еден вид награда, па за тоа да треба било чија согласност“, изјави шефот на севернокорејската делегација на преговорите Ким Гије-гван во изјава за агенцијата Синхуа.
XS
SM
MD
LG