Достапни линкови

Вашингтон: САД може да повлечат 50 илјади војници од Ирак до крајот на годината


Соединетите американски држави (САД) би можеле до крајот на годината од Ирак да повлечат околу 50 илјади војници, бидејќи веќе сега има доволно обучени ирачки сили што се подготвени да ја преземат контролата врз одделни делови во земјата, изјави ирачкиот претседател Џалал Талабани. Во интервјуто за “Вашингтон пост“, Талабани рече дека за намалувањето на американските сили во Ирак ќе разговара во текот на неформалните разговори со американскиот претседател Џорџ Буш, при тоа додавајќи дека САД уште сега би можеле да повлечат дел од војниците.
XS
SM
MD
LG