Достапни линкови

Осло: Победа на опозицијата на парламентарните избори


Лидерот на Лабуристичката партија, најголемата норвешка опозициона партија, Јенс Столтенберг, изјави дека денеска ќе се сретне со своите коалициони партнери и ќе започне разговори за состав на новата влада, по потврдата дека опозицијата победила на вчерашните парламентарни избори во земјата. Лабуристите и помалите коалициони партнери, Социјалистичката партија и Партијата на центарот, освоиле 88 од 169-те пратенички места во норвешкиот парламент, доволно да ја симнат од власт досегашната владеачка коалиција на десниот центар на премиерот Кјел Магне Бондевик.
XS
SM
MD
LG