Достапни линкови

logo-print

Манила: 50 загинати во експлозија


Околу 50 лица се ранети, од кои шест тешко, во ноќешната експлозија на складиште за оружје во Командата на полицијата во филипинската престолнина Манила, но официјално отфрлен е сомнежот дека станува збор за саботажа или терористички напад. Според извештаите на медиумите, експлозијата се случила околу полноќ по локално време во базата Багонг Дива, каде се затворени и некои обвинети исламски екстремисти и илегални трговци со дрога. Во командата се наоѓа и специјалниот антитерористички суд.
XS
SM
MD
LG