Достапни линкови

logo-print

Пратениците упорни околу своите привилегии


И по негативното мислење од Владата, како и непотпишувањето на указот за законот за пратеници од страна на претседателот, пратениците остануваат на мислењето дека е потребно решението кое им овозможува привилегии при пензионирањето. Со него е предвидено пензионирање со 55 години старост за мажи и 53 за жени со 25 години работен стаж. Експертите посочуваат дека ваков вид на пензионирање може да добијат само одредени категориии на лица кои во текот на својата работа се изложени на опасности:

„Работното место на пратениците не е предвидено како работа што повлекува штетни последици за здравјето и животот на пратениците. Тоа мора да биде претходно предвидено, па потоа да се дискутира за некоја потреба од бенефициран стаж,“

изјави професор Гзиме Старова од Правниот факултет во Скопје. Со вакво законско решение се создава неедвакност, коментира Жарко Хаџи Зафиров магистер по трудово право:

„Во момент на спроведување реформи за намалување на невработеноста во Република Македонија со тоа што се кратат одредени работнички права, со тоа што се воведува само условот старосна пензија за одење во пензија, во исто време, претставниците на власта, односно претставниците во законодавниот дом се позитивно дискриминирани со добивање право “

Пратениците велат ова не се привилегии, станува збор за превземање искуства од другите земји

„Ваков закон постои во сите европски држави. Тоа е закон за изгигнување на функцијата на парламентот над владата.“
„Како и во секоја демократска држава, мора да се регулира статусот на пратениците. Дали ова е најадекватниот понуден начин, не би сакал да говорам, но гледавме да избегнеме сето она што ќе ја иритира јавноста. Не поаѓам од личен аспект, туку од фактот што повеќе пратеници од првиот и вториот состав на парламентот сега се на улица,“


изјавија Јанакие Витановски од социјалдемократскиот сојуз и Александар Флоровски од ВМРО-Народна. Токму граганите кои гласаат за народните избраници незадоволни од нивната работа.

„Европа ќе одат, нели? За нив има, а за другите нема!“
XS
SM
MD
LG