Достапни линкови

Потребна е политичка волја, но сегашниот систем е можеби поповолен за заедниците


Барањето на преставниците на помалите етнички заедници во Македонија за нив во иднина да бидат загарантирани прартеничките месат во Собранието не е непознато во светото и тоа може да се спроведе и во Македонија велат експертите.

„Во некои земји има такво нешто. Тоа не е невозможно. Прашање е дали има политичка волја и реална потреба да се пресмета застапеноста на заедниците или не. Во сегашниот парламент сите се застапени бидејќи имаат свои партии и во коалиција со големите се застапени. Тоа нема да е нешто што сме го измислиле ние. Ако има политичка согласност може да се воведе.“

изјави професорот по политички систем Рената Десковска. Иницијаторот на ваквата идеа пратеникот од Демократската партија на Турците Кенан Асипи повикувајќи се на искуства од портанешните ју републики вели:

„Би било добро тоа да се направи, за да може и Собранието да ја отсликува мултиетничката структура на Македонија. Може да се случи со шест изборни единици некои етнички заедници да немаат свои пратеници. Тоа не би било добро, посебно по Рамковниот договор кој говори за правична и соодветна застапеност.“

Според Асипи доколку се прифати ваквата идеа, тогаш ќе се подобри сликата за мултиетнижкото општество во Македонија пред очите на меѓународната заедница.

„Би се оставил впечаток до меѓународната заедница дека овде има висок респект кон правата на малцинските заедници.“

Но професорот десковска сепак смета дека постое:киот модел е по прифатлив и за самите заедници бидејки со коалицирањето со поголемите партии тие не добиваат само места во собранието туку и во извршната власт.

„Очигледно е дека поголемите македонски партии ќе мора да коалицираат за да добијат мнозинство. Можеби сега добиваат и поповолна варојанта, затоа што влегувајќи во коалиција добиваат не само пратенички места, туку и места во извршната власт.“
XS
SM
MD
LG