Достапни линкови

На пазарите во Скопје повеќе продавачи од купувачи


Иако септември е месец на ајварот, туршијата и останатите зимници, на пазарите во Скопје има повеќе продавачи отколку купувачи. Народот нема пари за зимници, е генералната оценка и на пазарџиите и на потенцијалните купувачи. Граѓаните велат дека цените на пиперките и доматите се високи и од тие причини се одлучиле оваа година да не подготват зимници.

„Скапи се цените и стандардот не ми дозволува.“
„Ќе ставам зелка само, ако биде поефтина пиперката и ајвар.“
„Скапо е.“
„Зависи душо, зависи од примањата.“


Продавачите велат дека годинава иако има доволно род, продажбата е најслаба. За ваквата ситуација посочуваат тие виновни се неколку фактори:

„Слабо оди. Ѓубрето е скапо, а нема пари.“

Пазарџиите велат дека пиперките со цени од 20 до 30 денари и на доматите од 20 денари, не се воопшто скапи, но доколку не се продаваат тие се подготвени да ги намалат. Правиме се што е потребно за да не останат производите и да не се расипат, велат земјоделците.

„Па ги спуштаме до крај. И 15 и 10 ќе му дадам. Колку има нека плати.“

Дел од граѓаните велат дека иако стандардот на граѓаните е низок, а цените на производите високи, сепак ќе се обидат да направат зимница. Можеби во помали количини, но сепак доволно за да ја поминеме зимата, велат тие.
XS
SM
MD
LG