Достапни линкови

logo-print

Газа: Израел се повлече од Појасот по 38 годишна окупација


Израел денеска се повлече од Појасот Газа по триесет и осум годишната окупација на тоа подрчаје, пренесуваат светските агенции. Последниот војник, генерал Авив Кошави, кој беше командант на израелските сили во Газа, мина низ граничниот премин Кусифим по што израелски булдожери го затворија. ,,Нашата мисија е завршена. Од сега се што ќе се случува во Појасот Газа е во одговорност на палестинските власти,, изјави генерал Кошави. Во текот на изминатата ноќ неколку илјади палестинци влегоа во еврејските населби во Газа уништувајќи ги тамошните синагоги.
XS
SM
MD
LG