Достапни линкови

Багдад: Ирак ќе ја затвори границата со Сирија


Ирачката Влада соопшти дека ќе ја затвори границата со Сирија, на граничниот премин Рабија. Како што изјави ирачкиот министер за внатрешни работи, границата се затвара поради безбедносни причини. Инаку во градот Тал Афар во акцијата против бунтовниците денеска се уапсени над 40 лица, а во операцијата во текот на вчерашниот ден беа уапсени повеќе од 200-те, а над 140 бунтовници беа убиени.
XS
SM
MD
LG