Достапни линкови

Токио: Во Јапонија се одржуваат парламентарни избори


Во Јапонија денеска се одржуваат парламентарни избори на кои според анкетите, најголема шанса за победа има партијата на актуелниот премиер Џунициро Коизуми. Доколку победи, Коизуми ќе добие мандат за спроведување на економските реформи во земјата. Во Јапонија се регистрирани 103 милиони гласачи, а на изборите ќе учествуваат над илјада кандидати кои ќе се борат за 484 места во Парламентот. Првичните резултати се очекуваат неколку часа по затварањето на гласачките места, а официјалните ќе бидат објавени во понеделник.
XS
SM
MD
LG