Достапни линкови

logo-print

Газа: Започна повлекувањето на израелските трупи


Израелската Влада денеска го одобри планот за повлекување на израелските сили од Појасот Газа, со што ќе заврши 38- годишната израелска окупација на оваа територија. Последниот израелски војник од Појасот Газа се очекува да биде повлечен до понеделник наутро со што планот ќе биде целосно спроведен. Во текот на денов Владата во Израел, се очекува да го реши и прашањето со 25-те синагоги кои единствено останаа во регионот, по повлекувањето на еврејските населби минатиот месец. Египетските трупи започнаа со распоредувањето на границата меѓу Египет и Газа, а согласно планот, тие ќе се грижат за безбедноста во областа.
XS
SM
MD
LG