Достапни линкови

Каиро: Хосни Мубарак, добил 80% од гласовите на изборите во Египет


Неофицијалните првични резултати од претседателските избори во Египет, како што јавуваат тамошните медиуми, покажуваат дека актуелниот шеф на државата Хосни Мубарак добил осумдесет насто од гласовите. Овие избори беа историски поради тоа што за прв пат во трката учествуваа неколкмина кандидати. Официјалните резултати се очекуваат в недела. Мубарак е на власт во Египет од илјада деветстотини осумдесет и првата година, а во претходните четири избори за претседател немаше против кандидат.
XS
SM
MD
LG