Достапни линкови

Вашингтон: Обвинувањата за постоење оружје за масовно уништување во Ирак „болни“ за Колин Пауел


Поранешниот американски државен секретар Колин Пауел изјави дека неговиот говор во Обединетите Нации во кој тој го обвини режимот на ирачкиот претседател Садам Хусеин дека поседува оружје за масовно уништување, претставува дамка во неговата кариера. Еден месец по говорот на Пауел, Соединетите Држави во март 2003-тата интервенираа во Ирак, но таму не е пронајдено такво оружје. Во интервју за една американска телевизиска станица, Пауел изјави дека информациите што ги користел во говорот, што го оцени како болен за него, ги добил од ЦИА.
XS
SM
MD
LG