Достапни линкови

logo-print

14 години независност


Во текот на 14-те години независност покрај сите тешкотиии Македонија се одржа и се движи во вистинска насока, оценува македонската јавноста. Таа сега се бори за членство во НАТО и ЕУ. Сепак треба поинтензивно да се работи во насока на воспоставување на европските стандарди и модерно општество:

„Очекуваме оваа година веќе да имаме и сознание дека навистина ЕУ ќе одлучи Македонија да го добие статусот на земја кандидат. Покрај сите тешкотии и турбуленции кои ги преживеа, Македонија сепак се одржа и се докажа како оправдан оној историски настан од 8-ми Септември“.

изјави Стојан Андов првиот Претседател на Собранието кога се прогласи независноста на Македонија. Според некои пак, процесот на транзиција на земјата трае предолго:

„Македонија после 14 години очигледно е дека не се наоѓа таму, каде што сите очекувавме. Овој процес на транзиција за разлика од многу други земји, траеше и сеуште трае, многу долго. Што влијаеше на тоа, дали само објективната положба на Македонија или недостигот на човечки ресурси или пак, не се снајдоа политичките елити на власт и во опозиција, ќе треба дополнително од историска дистанца да се анализираат причините“

вели Џевдет Хајредини, министер во првата политичка Влада во Македонија. Во дел од јавноста остануваат дилемите дали земјава оди во вистинска насока по Рамковниот Договор:

„Ние во 1991-та година со „стрепет“ ги чекавме резултатите од референдумот и со целиот македонски народ надежно гледавме во иднината. Меѓутоа работите некако тргнаа надолу. Политичките структури тргнаа на етнички поделби на земјата.“

изјави академик Блаже Ристевски. За тоа пак кои се предизвиците пред земјава, Андов и Хајредини велат:

„Треба да се поздрават некои позитивни сигнали кои доаѓаат од соседните земји, а кај оние негативните треба да покажеме издржливост и да дообјасниме што е суштината за нашиот став.“

„Предизвиците на Македонија сега се, актуелните политички сили да извлечат поуки од досегашните неуспеси и да се обидат тоа да го надоместат.“
XS
SM
MD
LG