Достапни линкови

Буш најави иницијатива за тоа што не функционирало во справувањето со кризата


Додека спасувачките и операциите за испумпување на водата во Њу Орлеанс продолжуваа, американскиот претседател Џорџ Буш соочен со лавина критики за справувањето со последиците од Ураганот Катрина се обидува да преземе политичка иницјатива со покренување сопствена истрага за тоа каде е згрешена работата. Во меѓувреме се проценува дека штетите од катастрофата ќе бидат астрономски.

Џорџ Буш, како што јавува Роберт Парсонс, го доби вниманието во целост посетувајки ги загрозените подрачја од Ураганот Катрина и повикувајки на политички погодок во Вашингтон. Тој еден час им даваше утеха на жртвите во Заливот на американскиот Југ за следниот миг да објави во Вашингтон дека ќе поведе истрага за катастрофата.

,,Тоа што планирам е да откријам што беше исправно а што што тргна на лошо. За нас е многу важно да го разбереме односот меѓу федералната влада, државната влада и локалната влада во моментите кога доаѓа до голема катарстрофа. Причината е што ние живееме во несреден свет. Сакаме да бидеме сигурни дека можеме да одговориме правилно доколку имаме напад со оружје за масовно уништување или некаква друга катасрофа. “

Но дали е малку доцна. Дури и пред катасрофата во Њу Орлеанс, Бушовиот рејтинг опадна на 45 насто најнизок во досегашното претседателствување. Сега кога две третини од американците сметаат дека федералната влада е одговорна за хаосот по катастрофата, алармот зазвони во Белата Куќа. Демократите најавија дека ке бараат независна истрага. Планот го објави Сенаторката Хилари Клинтон.

..Не мислам дека владата може да прави истрага врз самата себеси. Затоа повикав на независна истрага.”

Се смета дека цената на катастрофата ќе биде астрономска и ќе мора да се плати. Штетите се проценуваат на 100 милијарди долари. Секретарот на Трезорот, односно министерот за финансии Џон Сноу изјави дека ураганот Катрина можеби ќе однесе половина процент од економскиот растеж за годинава. Шефот на Пентагон Доналд Рамсфелд пак ги отфрли стравувањата дека тоа ќе се одрази на операциите во Ирак и Авганистан. Во меѓувреме, како што изјави градоначалникот на Њу Орлеанс Реј Нагин, продолжуваат напорите градот да застане на своите нозе. Физичките и финансиските последици ќе бидат документирани. Последиците по здравјето и природната средина се уште не можат да се пресметаат.
XS
SM
MD
LG