Достапни линкови

logo-print

Киев: Јушченко ја распушти владата на Тимошенко и го назначи Јехунаров за мандатар


Украинскиот претседател Виктор Јушченко денеска ја распушти владата на премиерот Јулија Тимошенко и го назначи регионалниот гувернер Јури Јехануров за мандатар за формирање нова влада. Оваа одлука е резулат на корпуциската афера во Украина која ја доведе владата до најголема криза во нејзиното седум месечно владеење. На денешната одлука на претседателот Јушченко за распуштање на владата и претходеше денешната оставка на заменик премиерот за хуманитарни прашања Микула Томенко кој изјави дека не сака да биде дел од системот на корупција во кој, како што рече, се вмешани советници на претседателот Виктор Јушченко. Оставката на заменик премиерот Томенко беше 4 та оставка во владата. Инаку, националниот Совет за Безбедност соопшти дека ќе отвори криминален случај и против шефот на царината Володомир Скомаровски. Тој и други лица се осомничени за вмешаност во криумчарење. Засега не се знае дали ова е поврзано со корупцијата во владините кругови.
XS
SM
MD
LG