Достапни линкови

Париз: Француските лекари не можеле да ја утврдат причината за смртта на Арафат


Според американските и израелските медиуми, француските лекари не можеле да датерминираат причината за смрта на палестинскиот лидер Јасер Арафат. Њујорк Тајмс и Хареетц пишуваат дека, според досието на француските лекари, 75 годишниот Арафат лани почина во болницата во Париз од напад кој резултираше со крварење предизвикано од непознато заболување. Во медицинските извештаи пишува дека е најверојатно не станува збор за труење или Сида. Француските лекари, повикувајќи се на законот, не го објавија медицинскиот извештај, што пак предизвика многубројни шпекулации дека Арафат бил отруен од Израел.
XS
SM
MD
LG