Достапни линкови

САД продолжуваат да ја поддржуваат Македонија


Соединетите американски држави продолжуваат да ја поддржуваат Македонија во реформите кои таа ги спроведува за влез во Европската унија и НАТО рече новоименувата американската амбасадорка Џилиан Милованович после средбата со премерот Владо Бучковски.Милованович потенцираше дека сепак напорите на владата и граѓаните во тој процес треба да се удвојат

„Овие напори ќе помогнат да се засилат демократските институции. Да се реформира демократскиот систем, да се поттикне економски раст и да се бори со мрачните сили на корупцијата и организираниот криминал. Ние ќе продолжиме да бидеме со вас во овие напори.“

Важно во доближувањето кон ЕУ и Нато истакна таа е што Македонија го заврши законскиот дел од имплементацијата на рамковниот договор.

„Со јулското усвојување на законот за употреба на знамињата на заедниците во Македонија, Македонија го заврши делот од Охридскиот договор што се однесува на легислативата. Ние ќе продолжиме да ве поддржуваме во имплементацијата на правичната застапеност на заедниците и на децентрализацијата како што бара Рамковниот договор. “

Милованович изрази и благодароност за подршката во антитерористичката војна и мисииите кои ги испрака нашата влада во Авганистан и Ирак. Таа додаде дека факт за добрата соработка е и загриженоста на Македонија за катастрофата што ја предизвика ураганот Катрина:

„Исто така на претседателот, пермиерот и министерот за надворешни работи им ги изразив моите искрени чувства на благодарност за пораките на сочуство што амбасадата ги прими од нив и од народот во Македонија во врска со страшната природна катастрофа во мојата земја што ја предизвика ураганот Катрина. Исто така, им изразив и благодарност за понудата за помош од владата на Република Македонија. Деталите за помошта ќе ги работиме во наредните денови.“

Милованович доаѓа на функцијата американски амбасодор на 10 годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи мегу двете земји. За неа е чест рече таа што ке биде амбасадор во земја кој напорно работи на надминување на меѓуетничките разлики и која ќе служи како пример во регионот за мултиетничка држава.
XS
SM
MD
LG