Достапни линкови

Наскоро изјаснување за „случајот Красниќи“


Уставниот Суд е надлежен да решава за судирот на надлежностите меѓу трите власти, како и нивните носители но за случајот Кондово кој во моментов преставува причина за лична пресметка меѓу претседателот на државата и премиерот сеуште не расправал но набргу најавуваат дека ќе се изјаснат дали во служајот Кондово бил прекршен или не Уставот.
Експертите по уставно право пак велат дека немаат доволно увид во целиот случај за да може да дадат релевантно толкување на истиот.

„Кога претседателот самиот вели дека нема податоци и не е информиран, колку можам јас да бидам информиран, односно да се определам за една или друга страна, односно да кажам дали е тоа исправно или не. Тоа треба човек да има се пред себе...“

вели професорот по уставно право Саво Климовски.
Аналитичарите посочуваат дека кохабитацијата меѓу двете институции се должи на тоа што претседателот на државата се чувствува загрозен поради неможноста да управува со одредени текови во општествиото.

„Не велам дека нема конфликт. Можеби има и Кондово може да е една од причините. Станува збор за судир на две центри на моќ. Преодредување на надлежности, околу тоа кои се на владата, а кои на претседателот. Бидејќи очигледно е дека претседателот со овие компетенции не се чувствува најсигурен,“
вели аналитичарот Даут Даути кој додава:

„Може да изгледа дека во Македонија доаѓа до израз плурализмот на мислењата, но сметам дека продлабочување на конфликтот меѓу претседателот и премиерот ќе ги кочи некои од процесите. Очигледно е дека станува збор за парадокс дека двајцата се членови на истата партија и кога беа членови на истата влада, немаа такви разлики.“
XS
SM
MD
LG