Достапни линкови

logo-print

Газа: Убиен Муса Арафат, бивш шеф за безбедност во Газа


Непознати напаѓачи упаднале во куќата на бившиот шеф за безбедност во Газа, Муса Арафат и го убиле. Тој беше роднина на Јасер Арафат, а новиот палестински лидер Махмуд Абас пред неколку месеци го разреши од должноста. Одговорноста за нападот ја превзеде една палестинска милитантна група. Агенциите јавуваат дека Абас денеска свикал итен состанок со палестинскиот премиер Ахмед Куреи и со шефовите на безбедносните сили.
XS
SM
MD
LG