Достапни линкови

Одговорот на владата нереален


Освен интересот за непосредните спогодби, во последните девет прашања доставени до Владата, Брисел покажа интерес за тоа каков напредок е постигнат во истрагата и гонењето на лица вклучени во даночната пирамида. Македонските институции информираат дека до почетокот на септември има поднесено вкупно 57 кривични пријави против 60 лица. Вкупната вредност на даночно затајување на предметите што сега се процесуираат во јавното обвинителство е околу 140 милиони денари. Стеван Павлевски, адвокат и поранешен јавен обвинител вели дека надлежните институции само го употребуваат поимот даночна пирамида, а не го потврдуваат фактот со голема сума на затаени пари.

„Станува збор за минорна, незначајна група на лица, а какви се идеите на власта, дека станува збор за високи износи на даночно затајување, нема одговори во овие настани. Според тоа, сметам дека институциите коишто се надлежни само го употребуваат поимот даночно затајување, а не го потврдуваат тој факт низ голема количина затаени пари.“

Зоран Јачев од Транспарентност Македонија смета дека бројките што се прикажуваат реално се многу поголеми:

„Сигурно е дека тоа не е целата сума. Секогаш постои и темна бројка на криминалитет и сигурно има и други неоткриени случаи.“

Владата во одговорот на европрашалникот вели дека во досегашниот тек на истражната постапка по основ на данок на додадена вредност и данок од добивка платен е износ од нешто повеке од 40 милиони денари. Павлевски посочува дека прво треба заврши постапката, па потоа да се бара да се плати затаениот данок

„Обвинетите прво се притвараат, а потоа се оценува да го исплатат износот. Тоа прашање дали е избегнато плаќање данокот не може да се утврдува сега во истражната постапка, туку врз основа на наод и мислења на стручни лица.“
XS
SM
MD
LG