Достапни линкови

Однапред подготвени или настани кои коинцидираат?


Експертите во земјава со различни мислења околу се по очливите потези на владата во однос на одредени прашања. Спореде Назми Малиќи професор од Универзитетот на Југоисточна Европа однесувањето на владата со однапред подготвено сценарио е многу загрижувачко за граѓаните на оваа земја:

,,Сценариото на владата е загрижувачко и со песимистички пораки за стабилноста и подигнување на довербата кон оние што ја водат државата. Се разбира сета таа игра е повеќе игра на нерви со состојбата во која се наоѓаат граѓаните на Република Македонија. Последната изјава и сето она што кружи околу Кондово личи на политичка игра што нема показатели дека и самата влада не беше дел од игра.”

Премиерот Владо Бучковски во петокот најави дека Владата нема ни во иднина да избегнува со политички средства да решава безбедносни прашања, и оти по разрешување на случајот Кондово останува да се пронајде оружјето кое беше користено од луќето на Красниќи што се случи веднаш наредниот ден.
За разлика од мислењето на професорот Малиќи, аналитичарот Ѓунер Исмаил вели:

,,Делот на правната држава којашто не е само пендрак и пиштол и специјални единици функционира и го информираат премиерот. И да е коинциденција, мислам дека формулацијата би била изнасилена.”

Професорот Назми Малиќи пак посочува Владата мора да сфати оти треба биде по транспарента кон граѓаните не само во однос на безбедносните туку и останатите прашања:

,,Тоа укажува дека ние сме се подалеку од транспарентна демократија.”
XS
SM
MD
LG