Достапни линкови

Пекинг: Деблокирана кинеската конфекција од европските пристаништа


Кина и Европската Унија постигнале договор за деблокирање на кинеската конфекција во европските пристаништа, е соопштено од извори на европската делегација на преговорите во Пекинг. Имено овие преговори претходат на редовниот самит меѓу Кина и Европската Унија кој овојпат е во сенката на разликите околу текстилот. Илјадници тони кинеска облека се наоѓа на царините низ Европа, бидејќи Кина веќе ги надмина европските квоти преставени во Јуни годинава за да се заштитат европските производители.
XS
SM
MD
LG