Достапни линкови

logo-print

Ирак: Судењето на Садам Хусеин започнува на 19-ти Октомври


Ирачката влада денеска соопшти дека судењето на поранешниот претседател Садам Хусеин и седумина негови блиски соработници ќе започне на 19-ти Октомври, четири дена по одржувањето на националниот референдум на кој ирачките граѓани ќе се изјаснуваат за Уставот на земјата. Веста на прес-конференција ја соопшти владиниот портпарол Лаитх Куба. Садам Хусеин и неговите соработници од страна на ирачкиот специјален суд се обвинети за поврзаност со масакрот од 1982 година во местото Дуџаил, во кој се убиени 143 лица.
XS
SM
MD
LG