Достапни линкови

logo-print

Њу Орлеанс: Евекуирани настраданите од „Супердом„ и Конгресниот центар


Американските власти кои се вклучени во акцијата за помош на настраданите од Ураганот Катрина, соопштија дека спортскиот центар Супердом во Њу Орлеанс, што беше засолниште на илјадници жители на градот, како и Конгресниот центар се целосно евакуирани. Луѓето од погодените подрачја се префрлаат во Тексас и во други непогодени подрачја во државата Луизијана. Властите соопштија дека ќе бидат испратени дополнителни сили, со што вкупно 50 илјади војници на Националната гарда ќе работат на помош на настраданите подрачја од ураганот Катрина кој го опустоши американскиот брег на Мексиканскиот залив. Точниот број на жртви сеуште не се знае, но се претпоставува дека има илјадници загинати. Инаку, поради ситуацијата предизвикана од Ураганот, одложена е средбата на американскиот претседател Џорџ Буш и кинескиот претседател Ху Џинтао, што требаше да се одржи во среда.
XS
SM
MD
LG