Достапни линкови

logo-print

Поставен камен темелникот на меморијалниот центар на Евреите


Денеска во Скопје на просторот на поранешната автобуска станица се постави камен темелникот на меморијалниот центар на Евреите. Прв на Балканот тој ке биде потсеник на нивните страдања за време на втората светска војна. Во Македонија сега има само околу 200 Евреи претежно деца останатите се убиени во логорот во Треблинка-потсети премиерот Владо Бучковски кој го постави камен темелникот на центарот.

„Со автентичната концепција, во која е инкорпорирана меѓунационалната толеранција, и градењето општество во кое нема место за деструктивни идеи.“

Во темелникот симболично се вградени два камена едниот од Битиола каде што пред втората светска војна била една од најголемите еврејски заедници и другиот од Израел. На церемонијата присуствуше о преставникот на израелскиот парламент Јосеф Лапид кој потсети на големиот број Евреи кои се убиени во Макеоднија , дури 98 проценти.

„Кога дојдов овде видов реклама со Алберт Ајнштајн. Да беше Евреин во Скопје, нацистите ќе го убиеја и испратеа во Треблинка. Ние не знаеме колку Ајнштајни загинаа меѓу шесте милиони Евреи што нацистите ги убија,“

рече Лапид.

За претседателот на фондот на холокаустот на Евреите во Македонија Самуел Садикарио изградбата на меморијалниот центар во Скопје е испраќање за порака за мир во целиот свет

„Да не се повтори она што е холокаустот. Нас не нема, ние сме само неколку живи луѓе останати и сакаме да не се повтори. Тоа е пораката.“

На церемонијата приситвуваше највисоко државно раководтво и престваници на еврејските заедници од Европа.
XS
SM
MD
LG