Достапни линкови

Њу Орлеанс: Наредба за спречување на грабежи по ураганот


Градоначалникот на Њу Орлеанс, Реј Нагин им нареди на околу илјада и 500 полицајци да ги спречат грабежите и хаосот во градот кој е поплавен како последица од ураганот Катрина. Здравствените служби предупредија на можни зарази. Илјадници луѓе настрадаа од налетот на ураганот на американскиот брег во Мексиканскиот залив. Американскиот претседател Џорџ Буш, кој вчера ги обиколи настраданите подрачја, изјави дека е тоа најголемата природна катастрофа во Соединетите Држави и оти ќе бидат потребни години за да се санираат последиците.
XS
SM
MD
LG