Достапни линкови

Њупорт: Состанок на шефовите на дипломатиите на ЕУ за проширувањето


Министрите за надворешни работи на Европската Унија за време на дводневниот состанок во Њупорт, во Велс, што почнува денеска, ќе расправаат за процесот на проширување на Унијата, како и за аспирациите на Турција за полноправно членство. Едно од главните прашања е на кој начин да реагира Брисел на одбивањето на Анкара да го признае грчкиот дел на Кипар, кој е член на Европската Унија. На состанокот ќе присуствува и турскиот шеф на дипломатијата Абдул Ѓул, кој изјави дека е неприфатлива идејата за така-наречено привилегирано партнерство на Турција со Унијата.
XS
SM
MD
LG