Достапни линкови

Формиран независниот синдикат „Солидарност“


На 31 Август 1980 година невработениот полски електричар Лех Валенса му го нанесе главниот удар на Советскиот комунизам предводејки го во пристаништето Гдањск штарјкот кој го смени курсот на историјата. На тој ден се роди независниот синдикат Солидарност и ја одигра централната улога во отстранувањето на комунизмот во Советскиот Блок. Сагата за Солидарност ја прераскажува Џефри Донован.

Штрајкот што го смени светот започна на 14 август 1980 година. Околу 17 илјади работници ја презедоа контролата врз бродоградилиштето во Гдањск, протестирајќи, меѓу другото и против порастот на цените на храната. Нивниот лидер Лех Валенса избегнувајки го апсењето на тајната полиција тоа утро им се приклучи на работниците. Следеа преговори со владата и по 17 дена Лех Валенса се појави пред работниците со историската порака.

„Ние имаме независен синдикат. Имаме право да штрајкуваме.“

Работниците имаа и други барања, како на пример поголеми плати но правото на штрајк беше основното барање. На моментот се секава и Радек Сикорски кој министер за одбрана на пост комунистичка Полска а кој тогаш беше ученик.

„Имаше огромна надеж и електрицитет меѓу луѓето. Знете ние пољаците станува како нација еднаш генерациски, како на пример сега кога папата Јован Павле Втори умре. Тогаш милиони луѓе одеднаш сакаа сакаа иста работа – независни синдикати да ги преставуваат против Комунистичката партија. Тоа даваше надеж дека комунизмот ќе се рефопрмира. Знаеме дека тоа се случи.“

За првите 15 месеци од милон Солидарност доби 9 милиона членови или четвртина од населението. И тогаш советскитре лидери беа алармирани. Во декември 1981 година Варшавскиот Пакт на самитот во Москва им изрази подршка на полските комунисти за надминување на потешкотиите. полскиот премиер Војчех Јерузелски неколку дена потоа ја обезакони Солодарност. Следеше период на една година затвор за Лех Валенса, па 7 години следење и малтретирање од полицијата. Кога тој ја доби Нобеловата награда за мир во 1983 во Осло ја прати сопругата затоа што стравувашен дека можеби нема да му биде дозволено да се врати назад во Полска. До 1989 Солидарност работеше тајно и според принципот на ненасилство. Подршка за Солидарност и Валенса доаѓаа од западните влади, и папата Јован Павле Втори кој беше од полска националност. Папата се сретна со Лех Валенса. Тоа го направи и Британската челична леди бившата премиерка Маргарет Тачер која при посетата на Полска во Гдањск на лидерите на Солидарност и пред 5 илјади работни порача дека ништо неможе да ги сопре. Генерал Војчех Јерузелски во 1989 се согласи на разговор со Солидарност. Од ова произлезе договор на 400 страници за политички и економски реформи. Во јуни истата година на изборите први слободни во комунистичкиот блок Солидарност доби максимум гласови во дводомниот парламент. Со две помали партии формираше влада а 6 месеци потоа падна Берлинскиот зид. Останатото како што се вели е историја.
XS
SM
MD
LG