Достапни линкови

„Партиски клуч“ за студенски соби


Политиката се меша и меѓу студентите. И оваа година доеделувањето на леглата во домовите се предмет за разни шпекулации.Од Иницијативниот одбор за остварување на правата на студентите велат дека располагаат и со докази за вмешаноста на партиите во поделбата.

„Знаеме дека леглата се делат по партиски клуч. Во градовите низ државата се составуваат списоци на партиски членови коишто после многу лесно со бланко потврди се пополнуваат имиња и се добиваат легла,“

вели Игор Коруновски и додава дека во нивните канцеларии доагаат студенти кои се жалат дека иако ги остваруваат сите критериуми и имаат максимално поени за сместување не добиле соба. Директорот на Државниот студенски центар Чедо Поповски пак објаснува дека само студенттеи кои ги исполнуваат тие критериуми односно имаат потврда за редовност, документ за матријалната состојба и одалеченоста на местото на живеење од главниот град добиваат соба.

„Најрегуларно се реализира годинава и е спроведен конкурсот. Добивме годинава и потврди за редовност на студентите од факултетите. Оваа институција е конкурс. Кога би имало место за сите би ги примиле сите и нормално е да има незадоволни.“

И од студентискиот сојуз на Униниверзитетот Кирил и Методиј веруваат дека нема партиска поделба на соби туку се работи за ненамерни пропусти. Кај нив 100 студенти поднеле жалби а усвоени се 30 од нив

„Ние бараме да се разгледаат повторно за да нема недоразбирања кај студентите или сомневања во начинот на кој се спроведени тие приговори. Затоа бараме сето тоа да биде чисто и годинава да добијат легла тие што заслужуваат,“

објаснува претседателот на сојузот Александар Давчевски

Инаку оваа година за сметсување во домовите студентите ке треба да одвојат 3500 денари за соба и храна.
XS
SM
MD
LG