Достапни линкови

Багдад: Над 600 загинати во стампедо


Во денешното стампедо во близина на едно од најважните шиитски светилишта во Багдад загинале над шестотини луѓе, соопшти ирачката полиција. Сепак, се уште не се знае точниот број на жртвите. Најголемиот број од нив се удавиле во реката Тигар откако поради големите турканици паднале од мостот. Се претпоставува дека паниката била предизвикана од три напади со минофрлачки гранати врз илјадниците луѓе кои се движеле кон џамијата за да го прослават денот на имамот Муса ал Кадим, една од позначајните верски личности меѓу шиитските муслимани. Постојат и извештаи дека паниката била поради гласините оти во колоната имало бомбаш самоубиец.
Во најновиот извештај на американскиот Стејт Департмент се наведува дека постојат докази оти Русија, Иран, Северна Кореа и Сирија продолжуваат да ги развиваат нивните програми за биолошко оружје. Во извештајот се додава и тоа дека американските експерти се поделени околу тоа дали и Кина се обидува да дојде до ваков тип на оружје.
XS
SM
MD
LG