Достапни линкови

Вашингтон: Буш бара неколебливост од Американците


Американскиот претседател Џорџ Буш побара од американците да не бидат колебливи поради тоа што расте бројот на убиените војници во Ирак. Во говорот во Сан Диего тој уште еднаш ги отфрли повиците за повлекување на американските сили од таа земја. Тој наведе дека со тоа ќе и се овозможи на Ал Каида да ги преземе нафтените полиња со цел да финансира нови напади врз Америка. Во меѓувреме, институтот за политички науки соопшти дека американските операции во Ирак дневно чинат сто и осумдесет и шест милиони долари, или пет милијарди и шестотини месечно, што е многу повеќе од месечните трошоци за Виетнамската војна.
XS
SM
MD
LG