Достапни линкови

Њујорк: Започнаа разговорите околу реформите на светската организација


Во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, синоќа започнаа разговорите околу предложените реформи на светската организација. Во документот со предложените реформи, се содржани седум главни теми, меѓу кои тероризмот и неговото дефинирање, неширењето на оружје за масовно уништување како и заштита на популации на кои им се заканува геноцид. Документот треба да биде завршен до 2 септември, по што ќе им се достави на земјите членки на ОН на усвојување.
XS
SM
MD
LG