Достапни линкови

Тикрит: Протести на стотици Сунити


Стотици сунити протестираа во ирачкиот град Тикрит, против Уставот на земјата. Сунитите најмногу се противат на идејата за федерализам, содржана во документот, бидејќи според нив тоа го „крши“ единството на земјата. Како што пренесуваат некои медиуми, Генералниот секретар на Арапската лига Амр Муса го нарекол ирачкиот Устав „опасен“ додека Соединетите држави и Европската Унија го поздравија. Ирачкиот народ ќе се изјаснува за Уставот на референдумот закажан за 15-ти октомври.
XS
SM
MD
LG