Достапни линкови

Подгорица: Убиен началникот на Управата за криминалистика


Началникот на Управата за криминалистика при црногорското министерство за внатрешни работи Славољуб Счекич, синоќа по полноќ бил убиен пред својата куќа во населбата Толоси во Подгорица. Како што јавуваат медиумите во Црна Гора, Счекич бил убиен од заседа, со два истрели од автоматско оружје. Полицијата според црногорските медиуми, во врска со настанот привела 20 лица. Убиството на Счекич е трето во црногорската полиција.
XS
SM
MD
LG