Достапни линкови

logo-print

Шминка или вистински простор за промени?


Простор за маневар, со кој би се предизвикале битни промени нема, велат експертите, по најавите за реконструкција на владиниот кабинет од страна на премиерот и лидерот на СДСМ Владо Бучковски, вели професорот Јован Донев од Институтот Евробалкан:

„Нема никакво влијание реконструкцијата на Владата, ако не предизвика посериозна криза процесот на преговарање меѓу лидерите. Инаку, пред избори, тешко дека некоја влада или премиер ќе се одлучи на радикални реформи. Затоа што по правило тие се тешки и може да предизвикаат незадоволство кај граѓаните и да ги изгубат изборите,“

вели професорот Јован Донев од Институтот Евробалкан.

Андреј Жерновски од ЛДП вели дека од неговата партија не се сигурни колку навистина ќе дојде до реконструкција:

„Тоа би било неопходно, само ако има сериозни промени, бидејќи ако доживеме само реконструкција колку да се каже, тогаш за нас е јасно дека и воопшто не треба да има.“

Најавите за реконструкција на владиниот кабинет, во рамките на владеачката коалиција во јавноста се читаат како почеток на предизборната кампања во пресрет на престојните парламентарни избори. Од друга страна, во тој правец се толкува и најавениот митинг на опозициската ВМРО-ДПМНЕ на 15 септември. Ефтим Манев од ДПМНЕ вели:

„Целта е да се повикаат граѓаните на Македонија и да се укаже на немоќта на власта.“
XS
SM
MD
LG