Достапни линкови

Багдад: Буш го поздрави финализирањето на нацртот на новиот Устав


Американскиот претседател Џорџ Буш го поздрави финализирањето на нацртот на новиот Устав на Ирак, оценувајки дека е нормално што има и одредени несогласувања. Финалниот текст вчера му беше доставен на ирачкиот парламент, но немаше гласање бидејки сунитите не се задоволни од предложеното федеративно уредување и побараа интервенција од Обединетите Нации и од Арапската Лига. Предлог Уставот денеска го поздравија и Обединетите Нации и Европската Унија. На 15-ти октомври ирачаните за текстот на Уставот ќе се изјаснуваат на референдум.
XS
SM
MD
LG