Достапни линкови

Њу Орлеанс: Прогласена вонредна состојба поради налетот на ураганот Катрин


По наредба на властите, илјадници луѓе ги напуштија своите домови во американскиот град Њу Орлеанс и неговата околина во државата Луизиана, при налетот на ураганот Катрин кој се приближува кон ова подрачје, а кој како што е соопштено, го достигнал четвриот степен на скалата од пет можни категории. Во невремето од ураганот кој претходно беснееше во Флорида, загинаа седум лица, а стотици луѓе останаа без електрична енергија. Ураганот Катрин според метереолошките служби веќе до понеделник би можел да стигне во Њу Орлеанс, поради што гувернерот на Луизијана, прогласи вонредна состојба во државата.
XS
SM
MD
LG