Достапни линкови

logo-print

Случајот Красниќи доби погрешна конотација во јавноста


Случајот Агим Красники повторно се актуелизира деновиве со донесувањето на одлуката на судот за повлекувањето на потерницата и налогот за притвор. Претседателот Бранко Црвенковски пак после советот за безбедност изјави дека МВР треба во најкус можен рок Красниќи и другите лица кои ја нарушуваат безбедноста да се уапсат.Дали постои поделеност на инстиуции во Македонија. Според аналитичарот Ѓунер Исмаил не постои освен онаа која е опрделена со уставот. Заклучоците дека на Советот за безбедност биле дека треба да се употребат сите иснтрументи на правната држава а тоа во јавноста добило погрешно интерпретација

,,Правната држава не можеме да ја гледаме само низ призмата на тоа колку вооружени војници и полицајци ќе имаме и колку тие ќе бидат во акција, односно дали тие ќе бидат секој ден во акција. Имено, правната држава има и многу други инструменти, многу побитни за демократијта и таа мора да ги искористи сите инструменти за демократијата кога ќе расте да плати што помала цена,”

вели Исмаил

Аналитичарот Назми Малики пак со спротисвен став. Тој смета дека владата и претседателот немаат координација и меѓу нив постои поделеност

,,Сите проценки до сега од експерти дека нешто не е во ред со координацијата меѓу претседаетлот и владата. Ако судската власт беше независна, тогаш е независно и од претседателот и од владата. Ако една судска одлука е независна, тогаш без потреба се крева толку прашина и излегуваме несериозно и како држава што функционира со два аршини. ”

Според него ваквиот однос на државните иснтуции созадва конфузија мегу граганите кому да ми веруваат

,,Се ствара конфузија меѓу сите оние кои сакаат да живеат во оваа земја”

вели Малиќи и доадав дека сепак политичарите не успеале да се ослободат од политиканството и дел од нивните изјави и потези преставуваат само одвлекување на вниманието на јавноста ос лошата економска состојба.
XS
SM
MD
LG