Достапни линкови

Чекајќи подобри времиња младите ,,бегаат” во странство или работат што ќе стасаат


На скопските улици, булевари и во трговски центри многу често никнуваат нови кафулиња. Иако во Македонија владее сиромаштија, младите сакаат да се забавуваат. Но, еден дел од нив, студенти, идни политиколози, музиколози и други работат во кафулињата. Велат потребни им се пари.

,,Нормално заради пари. Сакам да излегувам. Животот е скап. Моите не може да ми обезбедат се, па се решив да работам.”
,,Ништо не работев, седев дома, па решив да почнам.”


Иако нивните професионални определби се различни од она што го рабоатат во моментов велат дека засега немаат друг избор.

,,Студент сум на поилтички науки, четврта година и нема теоретски шанси да се најде работа друга освен во кафе бар.”
,,Чекам подобри времиња, чекам да дипломирам и да најдам работа што ме исполнува.”


Но, дали после служењето на гостите во време на нивната работна смена, можат да седнат и да се спремаат за испити.

,,Тешко, ама може се ако се сака.”
,,Да, имам 25 години и уште не сум дипломиран.”


Некои велат се договараат со претпоставените и земаат слободни денови

,,Си има состаноци за смени.”

Но како што велат и самите ако сакаш можеш да најдеш време за се. Пример е 24 девојка која иако во студентските денови работела како келнерка, успеала да го заврши факултетот и сега е веке дипломиран книжевник:

,,Често пати студентите работат и сабајле и навечер, тоа е тешко. Ако се работи навечер и неколку дена во неделата може. Напорно е, и за време на сесија да бидам искрена ретко се случуваше да работам.”

Сите од нив пак се согласуваат дека во нашата држава нема добри услови за студентите како што е тоа на другите европски универзитети каде што додека студираат имаат можност да работат и во библиотеките или на други места во рамки на факултетите.
XS
SM
MD
LG