Достапни линкови

logo-print

Агенциите ветуваат едно, граѓаните добиваат друго


На истекот од летната сеозна и крајот на годишните одмори, многумина македонски граѓани наидоа на проблем во професионалното работење на туристичките агенции во земјава. Ветување за еден, а добиен сосема друг аранжман, сместување во понизок ранг хотели, проблем со чартер летовите се дел од проблемите на кои најчесто реагираат македонските туристи кои платиле аранжман за летување во некоја од агенциите. Токму во непрофесионалното работење на агенциите, една скопјанка ја гледа причината за нивниот одмор кој поминал со грабеж, а притоа не добиле никаква помош од туристичките водичи на агенцијата во која го уплатиле аранжманот за Анталија:

,,Имавме од агенцијата претставник и кога слушна дека тоа се случило не беше изненадена. А, други од првиот ден сакаа да се вратат, ама немаше место во авионот.”

И враќањето не минало без проблем, го раскажува своето истуство оваа скопјанка. За вракање чекале повеке од четири часа. Лоцирајќи ги проблемите во туристичката дејност, сопствениците на агенциите велат дека главна причина за пропустите кои се случуваат е отсуството на подршка за нив од страна на државата и неможноста на единствената македонска авио компанија МАТ да ги задоволи барањата на агенциите во организација на чартер летови:

,,Има доста пропусти во смисол на неподдржаност од надлежното министерство. И со МАТ треба да се воспостват многу поблиски односи за реализација на аранжманите без проблем,”

вели Дејан Вељановски од туристичката агенција „Фибула“. Според Александар Чоневски пак од „Игуана турс“, македонските агенции мегу себе се натрепваруваат која ке понуди пониска цена, што го руши квалитетот на уплатениот арнажман.

,,Дел од проблемот е што цената е премногу ниска и за таа цена не може да се изведат.”

Пред две години, токму за да решавање на проблемите во туристичката дејност Министерството за економија почна со издавање на лиценци, за кои тие требаше да понудат одредени стандарди. Оваа година како што ни зиајвија од министерството, стапуваат на сила два нови закони од оваа област, во обид уште еднаш да се среди ситуацијата во овој сектор.
XS
SM
MD
LG